Главни виновници поради кои ништо не можете да заштедите – Престанете да трошите пари! – ММС
ММС

Објавено на: 03/10/22 12:10 AM

Главни виновници поради кои ништо не можете да заштедите – Престанете да трошите пари!

Поевтиното не е решение затоа што треба почесто да менувате артикли со многу низок квалитет и на крајот да трошите многу повеќе отколку што инаку би потрошиле. Поквалитетните работи ќе ви заштедат пари на долг рок.

Одите во набавка кога сте гладни

Ова е многу лоша навика бидејќи во тој момент ќе купите многу повеќе намирници – дури и некои непотребни, а со тоа ќе потрошите повеќе пари. Погрижете се да направите список со намирници според оброците што ќе ги подготвите и одете на купување.

Не ги плаќате сметките навреме

Секогаш плаќајте ги сметките кога ќе пристигнат. Не оставајте ги за подоцна и трошете пари на некои задоволства бидејќи на тој начин ќе останете без пари. Сметките кога тогаш мора да ги платите, но направете го тоа прво штом ќе ви легне платата на сметка, а тоа што ви останува потрошете го на.
Јадете премногу надвор

Одењето во пекара можеби е евтино на прв поглед, но кога ќе ги соберете сите сметки од една недела, ќе видите дека трошите неколку илјади денари за пецива, грицки и кафе. Се разбира, понекогаш можете да си го дозволите тоа, но обидете се оброците да си ги носите од дома.

Извор: alo.rs