Намалување на стапката на ДДВ за основните прехрамбени производи на нула проценти за лебот, шеќерот, брашното тип 400, зејтинот, траjното млеко, свежото месо, оризот и јајца, е дел од пакетот од 26 мерки и препораки за ублажување на последиците од економската криза предизвикана од инвазијата на Русија врз Украина. Исто така се замрзнуваат и маржите за основните прехранбени производи. Предвидени се и ваучери во вредност од илјада денари за купување на основните прехрабени производи за ранливите категории.
Во изминатите денови јавноста беше во паника поради покачувањето на нафтата и нафтените деривати, па на бензинските пумпи беа забележани редици на автомобили кои точеа бензин и нафта пред РКЕ да ги соопшти новите цени. Но на некои од бензинските пумпи не се точеше дизел гориво, со изговор дека немаат резерви што дополнително предизвика паника. За ова премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција рече дека шпекулациите на кои граѓаните биле изложени минатата недела предизвикале да има голема потрошувачка на бензинските пумпи, односно за пет пати зголемена дневната побарувачка.
„Од помалите продавачи на гориво во првиот ден од ширењето на таа шпекулација ги намалија количините кои ги продаваа на бензинските пумпи, со цел количините кои што ги имаат ги зачуваат и да ги продадат по повисоки цени. По покачувањето кое што беше евидентно согласно со движењето на цените на нафтата и нафтените деривати на светските берзи и трето имаше зголемена продажба односно купување од страна на странски државјани во Република Северна Македонија. Со оглед на тоа што нашето усогласување дојде подоцна со цените кај соседите држави и од таму исто така имаше зголемено граѓани на бензинските пумпи што може да се види и во пограничните места во државата што таму неколку кратно беше зголемена продажбата на нафтените деривати на бензинските пумпи“, рече Ковачевски и додаде дека со нафта и нафтени деривати Макеоднија се снабдува преку Грција, односно преку грчките пристаништа и нема никаков застој во тоа снабдување.
Со новите предложени мерки и препораки, Законот за акциза и ДДВ потребно е да претрпат измени, со што тој ги повика пратениците од политичките партии да бидат одговори и да си ја завршат одговорноста пред граѓаните и да гласаат за измените, за да може што поскоро да стапат на сила мерките.
„Во делот на акцизата и на ДДВ-то треба да се направат измени на Законот за акцизата и ДДВ -то, и во најкраток можен рок ќе бидат пратени до Собранието. Сите пратеници без исклучок од која политичка партија доаѓаат, имаат одговорност и обврска пред граѓаните кои што ги избрале. Ние се наоѓаме во најголемата повоена економска криза во Европа. Одговорност е на сите политички партии е да го поддржат овој пакет на економски мерки кои што тежат 400 милиони евра, ова не се еднострани мерки кои се однесуваат само на акциза или само на ДДВ туку се однесуваат и на поддршка на граѓаните на најранливите категории, се однесуваат на компанииите на задржување на нивната ликвидност и се однесуваат на мерки на зголемување на можноста за енергетскта трансформација на компаниите по најповолни услови односно со субвенционирани каматни стапки“, рече премиерот Ковачевски.
Во однос на препораките кои ги истакна премиерот до граѓаните да се штеди на електрична енергија, тој истакна дека истото важи и за сите владини институции и препријатија. Тој на новинарско прашање одговори дека Владата веќе во буџетот за 8% се откажала од набавки на луксзен мебел и возила, освен за оние министерства каде што тоа било најнеопходно.
„Уште кога се правеше буџетот за 2022 година тековните трошоци беа намалени за 8% , што значи дека набавките за мебел и возила беа сведени само на она што е неопходно. Мебел набавка само за Министерството за образование за потребите на училиштата, за потребите на Армијата за реновирање на касарните. А во однос на возилата тоа е единствено во оние делови кои што се наоѓаат под ингеренции на Владата само во инспекциските служби. Веќе дел од институциите кои што се во рамките на Владата кои влегуваат во трошоците на буџетот ги имаат рационализирано своите трошоци за користење на возилата таков пример е и Министертсвото за земјоделие кое што минтата недела веќе издаде наредба која што се реализира за намалување на користењето на возилата односно да се користат само во строго деловни цели кои што се поврзани со најнеопходните работи“, рече премиерот Ковачевски.
Г.Д


