Дизелот ќе поевтини за 10 денари, а бензинот за 11,5 денари – Владата ги намалува акцизите и стапката на ДДВ – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/22 2:29 PM

Дизелот ќе поевтини за 10 денари, а бензинот за 11,5 денари – Владата ги намалува акцизите и стапката на ДДВ

Владата донесе препорака за менување на методологијата за усогласување на цените на дериватите според која цените ќе се менуваат на дневна основа и на тој начин да се избегнат големите промени на цените.

Владата ќе го пролонгира воведувањето на еколошката такса за енергенси кое е во собраниска процедура.

– Ја намалуваме стапката на ДДВ од 18% на 10% при промет на енергенсите: дизел, безоловен бензин ,гасно масло, течен нафтен гас (ТНГ) и метан. Оваа мерка ќе ја заштити куповната моќ на потрошувачите. Мерката ќе има директно влијание врз цените. Дизелот наместо 85,5 би се намалил на 75,5 денари, бензинот наместо 91,5 денари би се намалил за околу 11,5 денари. – рече премиерот Димитар Ковачевски.

 

О.К.

фото: МИА