Француската актерка и пејачка Изабела Аџани (66) беше една од најубавите и најталентираните уметници, но со години не сме ја виделе во јавноста.
Таа сега се појави на модната недела во Париз на ревијата на познатата модна куќа „Диор“, а за оваа прилика облече долг црн капут во А линија надополнет со ефектни шик парчиња. Лицето и косата ги сокрила под темни очила и шал.
Изабела се прослави со улогата во филмовите „Кралицата Марго“, „Приказна за Адел Икс“, „Носферату: Фантом на ноќта“, „Дијаболик“ и други, а благодарение на нејзината егзотична убавина набрзо стана меѓународна ѕвезда.
За време на нејзината кариера, таа доби бројни признанија и награди за нејзината работа и на европски и на холивудски филмови, но никогаш не сакала да го споделува својот приватен живот со јавноста и фановите.
Нејзината животна приказна изгледа како филм, почнувајќи од раното детство, кое го одбележа сиромаштијата во предградијата на Париз.
Таткото на Изабела бил строг и конзервативен имигрант, кој постојано ја терал да учи и ѝ забранувал да го гледа сопствениот одраз во огледалото.
Поради тоа, како што и самата изјави во едно интервју, била принудена да оди на терапија неколку години за да научи да ја прифаќа нејзината убавина.
Животот на Изабела се промени кога имаше 14 години и кога беше забележана на улиците на Париз од филмски агент. Тоа беше почеток на нејзината успешна кариера.
Причината за криењето на деталите од приватниот живот можеби се криела во тоа што убавицата водеше крајно турбулентен љубовен живот. Зад себе имаше еден брак, но и осум големи љубови.
Нејзиниот живот го одбележа шестгодишната врска со трикратниот оскаровец Даниел Деј Луис, со кој има син и кој ја остави бремена, без ниту еден збор за збогување. Никогаш не ѝ кажал дека нивната врска е завршена. Во моментот кога таа се пораѓаше, тој уживаше во афера со Џулија Робертс.
Моментално е сингл, но од 2002 до 2004 година беше свршена со францускиот композитор Жан Мишел Жар, а во 2008 година беше во врска со Тонин Какаче.
Пред него, таа ги сакаше Стефан Делаукес, Даниел Деј Луис од 1989 до 1994 година, а со актерот Ворен Бити беше од 1986 до 1987 година.
Во 1983 година била со Серж Генсбург, а пред тоа ги сакала Бруно Нујтен и Дејвид Роксавиџ.
Т-ој е љубовта на мојот живот.Заврши затоа што беше невозможно,неверојатно силно.Нашата љубов беше како неизлечива болест.Еден поглед кон него и знаеш дека тој е човек подготвен да предизвика болка во тебе. Не можеше да гi одвои улогиte што ги играше од реалниот живот. Често се однесуваше како да не е дел од оваа планета, препуштајќи се на херојот што играше. Имавме страст во нејзината најчиста форма, а такво нешто е секогаш осудено. Ние бевме љубовта што се пишува во класичните романи и ja уништивме“, изјави Изабел во едно интервју.
Пред неколку години, престижниот магазин „ЛА Тајмс“ објави листа на најубави жени во филмската продукција, а првото место и припадна на Изабелa Аџани.
Извор и фото: stil.kurir.rs