Молдавија нема да бара членство во НАТО – Неутралноста и била загарантирана со устав – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/22 1:32 PM

Молдавија нема да бара членство во НАТО – Неутралноста и била загарантирана со устав

Иако Молдавија не планира да стане членка на НАТО, пред пет дена официјално поднесе барање за брз пристап во ЕУ.

Молдавија нема да влезе во НАТО, вели премиерката на таа земја Наталија Гаврилица. „Принципот на неутралност е содржан во нашиот устав. Ќе бараме влез во ЕУ, но нема да бараме членство во НАТО“, рече Гаврилица.

Иако Молдавија не планира да стане членка на НАТО, таа официјално поднесе барање за брз пристап во ЕУ пред пет дена, во обид да ги зајакне своите врски со Западот.

Да потсетиме, претседателката на Молдавија, Маја Санду на 3 март потпиша официјално барање за пристапување на земјата во Европската унија. Санда, премиерот и претседателот на молдавскиот парламент го потпишаа документот за време на состанокот во главниот град Кишињев.

„Беа потребни 30 години за Молдавија да достигне зрелост, но денес земјата е подготвена да преземе одговорност за сопствената иднина“, рече Санда, пред да го покаже потпишаниот документ пред телевизиските камери, пренесува Ројтерс.

Потегот на Молдавија дојде неколку дена откако соседниот украински претседател Володимир Зеленски го потпиша барањето за итно членство во ЕУ додека се бори против инвазијата на руските сили.

извор: Mondo.rs

фото: eca.unwomen.org/en