Баба (75) „дилала“ дрога и ја уапсиле заедно со купувачите – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/22 11:39 AM

Баба (75) „дилала“ дрога и ја уапсиле заедно со купувачите

Старицата Јованка Д.(75) е уапсена во неделата вечерта во својата семејна куќа во белградската населба Крњача поради дилање хероин. Во тоа време таа била со своите муштерии Љ.К. (59) и Р.К. (60), па и тие се приведени, а запленети се наркотици и околу 2.600 евра.

Припадници на Полициската станица Палилула по пријава упаднале во куќата на Јованка, токму кога таа на своите „муштерии“ им продавала хероин.

– Извршен е претрес во куќата, помошните простории и дворот при што се пронајдени три вреќички хероин околу 120 грама, како и ваги за прецизно мерење, 168.000 динари и 175.000 евра, за кои постои сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога, соопштија од српското МВР.

Кај Љ.К. и Р.К. пронајдени се две кеси со помало количество хероин кои најверојатно ги купиле од Јованка. На сите им е одредена мерка притвор до 48 часа.

Соседите на Јованка во Крњача биле целосно изненадени од веста дека старицата со која се познаваат долго време дила дрога.

– Никогаш не би го рекол тоа за неа. Целото нејзино семејство е прекрасно. Јованка беше фина со сите. Секако, не знаевме што прави и верувам дека затоа се држела на дистанца од сите соседи. Сигурно не сакала да биде блиски со никого за да не се знае што прави Јованка. Кога и да прашате низ соседството за неа, никој нема да знае ништо детално да ви каже. По некрологот забележавме дека нејзината ќерка починала во октомври – вели за српски Телеграф жител на улицата Јованка.

Во Вишото јавно обвинителство вчера беше на распит Јованка Д., која се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотици, за што и се заканува казна затвор од две до 12 години.

Преземено од: https://www.republika.rs/
Фотографија: https://www.republika.rs/