Бугарите и Грците јадат поевтино од нас – Скапотијата во Македонија е двојно повисока отколку во ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/22 3:52 PM

Бугарите и Грците јадат поевтино од нас – Скапотијата во Македонија е двојно повисока отколку во ЕУ

Според податоците на Евростат, канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика, Србија забележала најголем пораст на цените на храната во Европа за една година, а Македонија е на средина со 9,6 проценти.

Цената на храната бележи пораст за една година, од јануари 2021 до јануари 2022.

Колку граѓаните на Македонија плаќаат за поскапа храна во однос на земјите членки на ЕУ, можеби најдобро говори податокот дека просечниот раст на цените на храната во ЕУ е под пет отсто, односно 4,9.

Раст на цените на храната во перидот од  јануари 2021 до  јануари 2022:

Србија 14.5%

Литванија 12.8

Бугарија 11.1

Унгарија 10.9

Хрватска 10.2

Македонија 9.6

Естонија 9.2

Грција 5.5

Австрија 5.0

Германија 4,9

Словенија 4.7

Италија 3,9

Извор: Евростат

Ако се погледне табелата, Србија води со поскапување од 14,5 отсто. Втора е Литванија. Во оваа земја, на пример, во истиот период храната поскапела за 12,8 отсто, потоа Бугарија со 11,1 отсто, Унгарија со 10,9 отсто, Хрватска со пораст од 10,2 отсто, а потоа северна Македонија со 9,6 и Естонија со 9,2 отсто. Од друга страна, во Италија, Словенија, Австрија, Грција и Германија, на пример, цените на храната пораснале за една година од 3,9 до 5,5 отсто.

Примерите на Норвешка и Швајцарија покажуваат дека може да биде поинаку. Цените на храната паднаа во овие земји. Така, на пример, во Норвешка беше поевтино за еден процент, а во Швајцарија за 1,5 отсто.

Земји во кои храната стана поевтина:

Норвешка – 1,0

Швајцарија – 1,5

Извор: Евростат

извор: Nova.rs

фото: ММС