Фич: Русија на чекор до банкрот – ММС
ММС

Објавено на: 03/9/22 10:41 AM

Фич: Русија на чекор до банкрот

Фич го намали кредитиниот рејтинг на Русија за шест степени на C, односно на второто најниско ниво. Тоа е само еден чекор над земјите кои веќе се во банкрот. Во исто време, Фич предупреди дека Русија ќе банкротира како резултат на санкциите што и’ беа воведени поради инвазијата на Украина. 

-Оценката Ц го одразува ставот на Фич дека е неизбежен банкрот на државни обврзници. Понатамошната ескалација на санкциите и предлозите кои би можеле да ја ограничат трговијата со енергија ја зголемуваат веројатноста за одговор на политиката од Русија, кој барем би вклучил селективно неплаќање на државните обврзници, стои во образложението. 

Пред неколку дена и Мудис го намали рејтингот на Русија, додека Стандард и Пурс кредитниот рејтинг го предели на три нивоа над стандардните.

 

извор: Светски агенции