Кока Кола, Мекдоналдс и Старбакс си заминуваат од Русија – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/22 11:02 PM

Кока Кола, Мекдоналдс и Старбакс си заминуваат од Русија

Кока-Кола објави дека  го прекинува бизнисот во Русија, откако таа ја нападна Украина.

Ова е трет голем светски бренд кој си заминува од Русија по Мекдоналдс, Старбакс , но има и други американски корпорации.

– Нашите срца се со луѓето кои ги трпат неразбирливите последици од овие трагични настани во Украина. Ќе продолжиме да ја набљудуваме и проценуваме ситуацијата како што се менуваат околностите, информираа од  Кока Кола.

Мекдоналдс привремено ги затвора сите 850 ресторани во Русија,  а синџирот Старбакс исто така потврди дека ќе ги прекине сите деловни активности со Русија.