Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва гостуваше во емисијата „Фокус“ на телевизијата Б92 и зборуваше за актуелните случувања во светот .
– Во Европа луѓето се повеќе загрижени за пченката, Америка е повеќе загрижена за пченицата. И се чека одлуката на Путин и владата за тоа што Русија нема да извезува. Цените вртоглаво растат. Имаме предност во пченицата и пченката. Од четврток повеќе нема да има извоз на пченица и брашно, пченка, нафта исто така бидејќи извозот скокнал за 109 отсто. Ќе имаме доволно – рече Вучиќ.
Објавено на: 03/8/22 10:05 PM