(Видео) Знае за што живее – Нов фолк хит на Ибрахимовиќ – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/22 9:05 PM

(Видео) Знае за што живее – Нов фолк хит на Ибрахимовиќ

Златан Ибрахимовиќ на Инстаграм сподели видео со неговиот пријател, Јован Кировски, спортскиот директор на ЛА Галакси, а во позадина се слуша песната „Премногу ме потсетуваш на неа“ од Недељко Бајиќ Баја.


Кировски беше еден од клучните луѓе за доаѓањето на Златан во Лос Анџелес Галакси.

Ибрахимовиќ и претходно беше во центарот на вниманието поради изборот на музика, а на сцената во Сан Ремо се појави минатата година со песна од Нада Топчагиќ.