Ограбена банка во Капиштец, три вооружени лица одземале пари – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/22 4:23 PM

Ограбена банка во Капиштец, три вооружени лица одземале пари

Пред неколку часа е ограбена експозитурата на Уни банка, која се наоѓа во близина на ТЦ „Беверли Хилс“, во Капиштец.

Според информациите три лица кои биле вооружени одземале пари од вработените, а потоа испукале еден куршум, но нема повредени.

МВР го потврди  грабежот.

-Во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираа од МВР.