Не ни треба цвеќе, дајте ни права – Марш на активистките на Мегународниот ден на жената – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/22 2:28 PM

Не ни треба цвеќе, дајте ни права – Марш на активистките на Мегународниот ден на жената

– Итно усвојување на стратегијата за родова еднаквост, донесување на Закон за родова еднаквост, воведување функционални инспекциски служби кои спречуваат експлоатација и дискриминација на работничките и постапување со должно внимание со жртвите на родово базирано насилство од страна на институциите побараа денеска активистките за женските права кои попладнево маршираа во Скопје, по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март.

Маршот беше организиран од Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права, оваа година под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“.

Според Бојaна Јовановска од Платформа за родова еднаквост, овој 8 Март го одбележува женската сиромаштија, овозможена и одржувана од системот, а продлабочена како резултат од двегодишната пандемија на Ковид-19 и нејзините последици.

-Жените беа и се уште се во првите редови во давање одговор на кризата како здравствени работнички и негувателки во домот, наставнички, хигиеничарки, продавачки. Но, истовремено претставуваат и најголем дел од работниците кои беа и се најмногу изложени на вирусот Ковид -19, но и на негативните социјални и економски последици кои тој ги предизвика.

Иако сочинуваат половина од населението, жените во Северна Македонија не учествуваат подеднакво во носењето на одлуки, посочи Јовановска на денешниот марш.

Маршот заврши со – Не ни треба цвеќе, дајте ни права

МИА

Фото: Вангел Тануровски