Од почетокот на воената операција, која на 24 февруари ја најави претседателот на Русија, Владимир Путин, на воените возила на руската армија може да се види буквата „Z“.
Едно од толкувањата е дека ова е знак каде се упатиле руските воени единици непосредно пред распоредувањето, тврдат воените аналитичари.
Таков симбол може да ја означи целта на возилото, но оваа ознака помага и да се спречи „пријателски оган“.
Симболи како овие се користени во други конфликти. Така имаше ознаки на возилата на американските војници во Ирак.
Министерство обороны РФ рассказало о значении символов на российской технике, принимающей участие во вторжении в Украину. Z — «За победу», V — «Сила V правде», еще одна V (на технике это △) — «Задача будет выполнена». pic.twitter.com/FnA6l2e8kq
— TRT на русском (@TRTRussian) March 3, 2022
Како што објасни Министерството за одбрана на Руската Федерација, тие ги избрале латинските букви Z и V на нивните возила како симболи на посебни изрази.
Според Министерството за одбрана на Руската Федерација, буквата „Z“ значи „За победа“, а буквата „V“ – „Сила во вистината“ и „Задачата ќе биде исполнета“.
Едно од толкувањата е дека возилата што се испраќаат на запад се означени со буквата З, а оние што одат на исток се означени со буквата „V“, бидејќи на руски за исток се вели е „восток“.