Марадона и Меси спасиле двајца новинари во Украина – Фудбалот ги руши сите граници – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/22 9:27 AM

Марадона и Меси спасиле двајца новинари во Украина – Фудбалот ги руши сите граници

Група новинари од Јужна Америка заминале во Украина да известуваат за воените конфликти.

Додека си ја вршеле работата, биле запрени од специјалната полиција поради сомнение за шпионажа и биле приведени.

„На контролниот пункт полицијата ни ги одзеде документите, камерите, мобилните телефони и не одведоа во станицата. Не испрашуваа жестоко, беа убедени дека сме саботери и шпиони“, изјавил аргентинскиот новинар Гиљермо Паниза.

Тие не зборуваа добро англиски, што беше огромен проблем. За среќа, уште еднаш се покажа дека фудбалот ги руши сите граници и пречки. Еден од полицајците го виде мојот аргентински пасош и ми рече „Меси и Марадона“. Се се смени.. Мојот колега Хуан Замудио слушна дека го спомнал Марадона, па ја покажа тетоважата на Марадона на ногата. Благодарение на „Божјата рака“ и фудбалот, излеговме без никакви проблеми“.

Гиљермо подоцна побарал од полицијата да му го даде телефонот за да им покаже нешто од фотографијата што ја има со Меси.

Така фудбалските икони ги извлекоа од крајно непријатна ситуација.

Извор: Курир.рс

Фото: Твитер