Нов обид за формирање на коридори за бегалци во четири украински градови – ММС
ММС

Објавено на: 03/8/22 8:44 AM

Нов обид за формирање на коридори за бегалци во четири украински градови

Украина одобри функционирање на еден хуманитарен коридор од Суми до Полтава, а други рути не беа договорени, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук. Ова следеше по синоќешната објава на Русија дека објавува прекин на огнот во неколку украински градови поради евакуација на цивили преку хуманитарни коридори, јавија повеќе светски медиуми.

Евакуацијата за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол е најавена за 11 часот по московско време, додека прекинот на воените дејствија е во 10 часот.

Покрај тоа, таа тврди дека Киев испратил предлози до Русија за коридори од Волноваха и Мариупол до Запорожје, како и од Киев и Харков на запад од земјата.

 

извор: Светски агенции

фото:ФБ