Реклама или порака на облакодерот „Бурџ калифа”, чини најмалку 250.000 дирхами (62.500 евра), за триминутната реклама, пишува „Арабијан бизнис” (Arabian Business).
Цените се движат од 62.500 евра за три минути во работните денови од 20 до 22 часот, но за викендите се искачуваат до 88.000 евра. За два триминутни термина секоја вечер меѓу 20 и 22 часот, цената е 125.000 евра, а петпати по три минути чинат милион дирхами (над 250.650 евра).
Рекламите се управувани од маркетинг-агенцијата „Мулен лоу МЕНА” (Mullen Lowe MENA) со седиште во Дубаи. Се плаќа однапред, а содржината мора да се достави четири недели однапред заради одобрување од фирмата-сопственик на „Бурџ Калифа” – „Емар”. На екранот може да се додаде и музика.
МИА
Фоографија: https://unsplash.com/