Во школо без маска, во „кафана“ без серитификат – Уште една ЕУ држава ги укинува антиковид мерките – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/22 1:49 PM

Во школо без маска, во „кафана“ без серитификат – Уште една ЕУ држава ги укинува антиковид мерките

Децата и вработените во училиштата од денеска нема да мора да носат маски за лице во Словенија, со оглед на тоа што епидемиолошката состојба во земјата веќе извесно време се подобрува.

Како што се наведува, последната мерка што словенечката влада ја одобри минатата недела, се однесува на градинките, основните и средните училишта и универзитетите, пренесува агенцијата СТА.
Маските остануваат задолжителни на сите други затворени јавни места.

На 21 февруари Словенија постепено почна да укинува голем број мерки воведени поради коронавирусот, вклучително и задолжително само-тестирање во училиштата и пропусница за ковид.

Сè уште се потребни пропусници за Ковид во здравствените установи, домовите за стари лица и затворите.