(Видео) Свадба на браникот на Киев- Лесија и Валериј љубовта ја продолжија на фронтот – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/22 12:16 PM

(Видео) Свадба на браникот на Киев- Лесија и Валериј љубовта ја продолжија на фронтот

Додека војната ја распаѓа нивната земја, еден пар украински цивилни војници вечно ги врза љубовта.

Облечени во воени униформи, Лесија Филимонова и Валериј Филимонов се венчаа вчера во Киев,  на контролен пункт, опкружени со војници вооружени со гранати и проектили и новинари во панцири, објави Вашингтон пост.


Двојката, која се нема видено од почетокот на војната кон крајот на минатиот месец, се приклучи на воената резерва „бидејќи овде имаме сè што сакаме и треба да се браниме“, рече Филимонова.
Ќерката на младенците, Руслана (18), гледала преку видео повик.

„Тешко е да се нарече безусловна среќа во оваа ситуација, но ние сигурно се чувствуваме воздигнати“, рече невестата.
Кога двојката се бакна, запеаа патриотски песни.

Извор: nypost.com

Фото: Принтскрин