Намали ја брзината, зголеми ја сообраќајната култура – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/22 9:15 AM

Намали ја брзината, зголеми ја сообраќајната култура

Улогата и значењето на жената за безбедноста во сообраќајот не се ограничува само на нејзиното влијание како возач и како учесник во сообраќајот. Сообраќајната култура и етика, како и навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената како мајка, родител, старател, воспитувач и едукатор е неприкосновена.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со СВР Скопје, Скопје Сити Мол и Здружението Љубители на класик мини и Пежо 404 – Клуб Македонија, по повод 8ми Март – Меѓународниот ден на жената, ќе организираат заедничко дружење пред платото на Скопје Сити Мол на 8 март 2022 година (вторник) со почеток во 11 ч.

Во склоп на настанот ќе биде организиран почесен круг низ центарот на градот, под мотото „Намали ја брзината, зголеми ја сообраќајната култура“ на кое активно учество ќе земат успешни жени од различни професии (возачи на автобус, пилот, полицаец, пожарникар и др).