Додека САД и Русија размислуваат за забрана на увоз на руската нафта, цената на суровата нафта „брент“ денеска се искачи на 139 па падна на близу 130 долари за барел, што е највисоко од 2008 година. Соединетите Американски Држави и европските сојузници размислуваат алтернативи, по евентуалната забрана за увоз на руска нафта и доцнењето на потенцијалното враќање на иранската сурова нафта на глобалните пазари.
Потрошувачите веќе го чувствуваат влијанието на повисоките трошоци за енергија бидејќи скокаат цените на горивото и сметките за домаќинствата.
Вчера американскиот државен секретар Антони Блинкен рече дека администрацијата на Бајден и нејзините сојузници разговараат за забрана на руската нафта. Руското нафтено ембарго би било одговор на инвазијата на Украина и потенцијално би имало големо влијание врз глобалната економија.
Големите американски нафтени компании не даваат оптимистички прогнози, туку напротив, сметаат дека дури ако се обезбеди нов извор на сурова нафта, нема така брзо да се стабилизираат цените.
Домаќинствата може и ќе го ублажат економскиот удар од високите цени на нафтата со тоа што ќе ги остават автомобилите во гаражите, но за индустријата нема брза алтернатива.
Во меѓувреме, повеќе светските брендови ги прекинуваа врските со Русија поради воените дејствија во Украина. Меѓу нив и апликацијата за споделување видеа TikTok, која соопшти дека го прекинува преносот во живо и новите содржини од својата платформа во Русија , поради строгите казни од новиот закон за сузбивање на „лажните вести“, кои се однесуваат на вооружените сили на Руската Федерација.
Своите услуги ги прекина и стриминг гигантот Нетфликс, а Visa, Mastercard и PwC, исто така, се приклучија на листата на западни фирми кои ги прекинуваат врските со Русија.
Русија пак одговори со активности за воведување на системот МИР. Банката „Сбербанк” најави дека овој систем е замена на картичките „Visa” и „Mastercard” со системот МИР, кој го развила со кинеската „UnionPay”. „UnionPay” веќе неколку години ги има надминато „Visa” и „Mastercard” по обемот на трансакции кои ги врши, со картички или во електронско банкарство.
извор: светски агенции