Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар – ММС
ММС

Објавено на: 03/7/22 8:30 AM

Забрана за тешки товарни возила на патот Маврово – Дебар

Од АМСМ соопштуваат дека поради врнежи од снег, забранет е сообраќајот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово- Дебар.

На другите делови од државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.