Времето денес: Сончево и ветровито – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/18 6:47 AM

Времето денес: Сончево и ветровито

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до засилен северен ветер поизразен на северот.
Утринската температура ќе се движи од осум  до 19 степени, а дневната температура од 24 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и умерен до краткотрајно засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 29 степени.
Во следните денови температурите ќе бидат во благ пораст, а во петок и за време на викендот повремено облачноста ќе се зголемува