Утре во Скопје марш против војната во Украина – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/22 5:59 PM

Утре во Скопје марш против војната во Украина

Утре (недела) во 14 часот во Скопје,  кај споменикот „Воинот на коњ“ на Плоштадот Македонија закажан е протест, во организација на Здружението на Украинците во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“.

Организаторите ги повикуваа, како што објавија,  „сите свесни луѓе да го изразат својот револт против војната и безграничната суровост од страната на Русија кон Украина и да се приклучат на протестниот марш“.

Од Здружението ги повикаа и сите хумани луѓе да донираат за зафатените подрачја со воените дејствија. Хуманитарната помош за Украина ќе се собира на Плоштадот Македонија секој ден во поставен шатор.