„Лепливи прсти“, „Пчелин рај“, „Се’ е во наши раце“ – дел од маските на вечерашното дефиле на Струмички карневал – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/22 5:39 PM

„Лепливи прсти“, „Пчелин рај“, „Се’ е во наши раце“ – дел од маските на вечерашното дефиле на Струмички карневал

Вкупно 25 групни маски од Македонија, Србија и Грција ќе продефилираат на главната карневалска вечер по улиците на Струмица, во рамките на Струмичкиот карневал. Синоќа се одржа гала вечерта, односно маскенбалот, на која можеше да се види раскошот на креативните маскирани гости. Андреј и Слободанка Туџарови од карневалската група ,, Мексиканска преродба’’, беа избрани за принц и принцеза, вечерва во 18.30 часот ќе го предводат големо дефиле на Струмичкиот карневал.

Градоначалникот Костадин Костадинов се појави во костим на венецијански трговец.

Во продолжение, фотографии од гала вечерта.