Ковид факти: Нови 370 заболени, продолжува уништувањето на 267.000 дози вакцини – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/22 4:08 PM

Ковид факти: Нови 370 заболени, продолжува уништувањето на 267.000 дози вакцини

Од направени 3.148 тестови во изминатите 24 часа,  регистрирани се 370 нови случаи на КОВИД-19, од кои 51 реинфекција, како и 391 оздравени пациенти и три починати лица, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи најмногу има во Скопје 225, Битола 24, Прилеп 23, Кавадарци 14 и Куманово и Велес со по 11. Следат Тетово со 9, Охрид и Кичево по 6, Гостивар 5, Струмица, Штип и Ресен по 4, Неготино 3, Кочани, Гевгелија, Дебар, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по 2 и Струга, Радовиш, Крива Паланка, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Пехчево по 1.

Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица: по едно починато лице од Скопје (72г), Велес (74г) и Охрид (64г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени уште седум починати лица од Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1). Починатите лица се на возраст од 37 до 89 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 02.03.2022. Од пријавените лица 3 лица се починати во домашни услови, а 4 во болнички услови.

Деновиве продолжува уништувањето на вакцините со изминат рок

На депонијата Дрисла само вчера беа уништени 67 илјади дози вакцини Фајзер, Астра Зенека и помал дел Синофарм, со изминат рок на употреба. Во текот на следната недела кога ќе бидат уништени уште 200 илјади дози, известуваат од Министерството за здравство.

-Потенцираме дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД, соопштија од Министерството за здравство.

Против ковид-19 до сега се вакцинирани 869.763 граѓани или околу 41 отсто.