Во Судот во Стразбур прифатена апликацијата на разрешената судијка Лидија Неделкова – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/22 4:00 PM

Во Судот во Стразбур прифатена апликацијата на разрешената судијка Лидија Неделкова

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) донел одлука да прифати апликацијата, односно жалбата на поранешната судијка и претседателка на Врховниот суд на Македонија, Лидија Неделкова, а по донесена одлука на Судскиот совет таа да биде разрешена од судиската функција, пишува порталот Правосудство.
Судот во Стразбур деновиве го доставил својот одговор до апликантката Неделкова, откако таа побара заштита на нејзините права, односно по одлуката на Судскиот совет на РСМ да ја прифати иницираната постапка за нејзино разрешување од сега разрешениот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски.
“Судот ја разгледа Вашата жалба во најкус можен рок, имајќи ги предвид документите и информациите поднесени од Вас. Постапката, во основа, се води писмено. Лично ќе бидете повикани, само врз основа на одлука на Судот. За сите други одлуки ќе бидете информирани“, се вели во одговорот на ЕСЧП, а по поднесената жалба.
На Неделкова Европскиот суд и’ остана единствено место каде што таа може да ги оствари своите права и да докаже дека разрешувањето не само што било неправедно, туку било и незаконски. Имено, во жалбата на Неделкова, напишана на 15-тина страни, стои дека иницијативата за нејзиното разрешување доаѓа од тогашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски и тоа како негов, личен чин на одмазда, откако таа против него ќе поднесе кривична пријава за сторена злоупотреба на службената положба, а којашто е прифатена од Јавното обвинителство и по истата се води судска постапка за него. Во исто време, повторно поради прифатената кривична пријава Судскиот совет на РСМ ќе донесе одлука за негово разрешување од судиската функција.

 

извор: правосудство.мк