Убиен еден од преговарачите од украинска страна – СБУ го обвини за предавство – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/22 2:59 PM

Убиен еден од преговарачите од украинска страна – СБУ го обвини за предавство

За време на притворот, Службата за безбедност на Украина го застрелала членот на украинската преговарачка делегација во Гомел, Денис Киреев. Според украинските медиуми, кои се повикуваат на извори од високите политички криугови,  тој бил осомничен за предавство.

Според овие извори, Службата за безбедност имала јасни докази за предавството на Киреев, вклучително и телефонски разговори.

„Тој беше агент. Знаете зошто се убиваат агенти“, пишуваат медиумите, повикувајќи се на споменатите извори.

Киреев учествуваше на разговорите меѓу украинската и руската делегација во Гомел, на 28 февруари. Познато е дека Киреев бил банкар. Во 2010-2014 година работеше како прв заменик-претседател на Управниот одбор на Oschadbank, а претходно беше член на Надзорниот одбор на Ukreximbank.

 

извор: украински медиуми