Парадокс: Во економска криза пораснале заштедите во македонските банки – ММС
ММС

Објавено на: 03/5/22 10:32 AM

Парадокс: Во економска криза пораснале заштедите во македонските банки

Тренд на раст на заштедите за 7,4 проценти во јануари забележала Народната банка. При тоа, повеќе штеделе граѓаните од стопанството.

Ова го потврди гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која порача дека нема и дека не треба ниту да има позначителни придвижувања кај депозитите во нашиот банкарски сектор поради случувањата во Украина, бидејќи нема причина за тоа.

-Директната изложеност на нашиот банкарски сектор кон Русија и Украина е многу ниска, а руски и украински банки кај нас нема, за разлика од состојбите во соседството, рече таа.

Посочи и дека банкарскиот систем, за цело времетраење на кризниот пандемичен период, обезбедува солидна поддршка за економијата, а кредитниот раст воопшто не забави, како што случувало во претходни епизоди.

-Кредитниот раст умерено забрза. Факт е дека кредитната поддршка на почетокот беше повеќе насочена кон населението, а помалку кон корпоративниот сектор, меѓутоа од втората половина на минатата година се гледаат поповолни поместувања, поточно поголема поддршка на корпоративниот сектор. Податоците од почетокот на оваа година покажуваат дека овие трендови продолжуваат, посочи гувернерката.