Веб-страницата за странци кои сакаат да и помогнат на Украина во борбата против руските сили наскоро ќе почне со работа, соопшти денеска прес-службата на претседателот на Украина.
Сајтот “fightforua.org” ќе ги содржи сите потребни информации за граѓаните на странски земји кои сакаат да се борат против руските сили во Украина, пренесува Интерфакс Украина.
Со декрет на украинскиот претседател Володимир Зеленски од 1 март беа укинати визите за влез во Украина за странски државјани кои сакаат да се приклучат на Меѓународната легија за одбрана на Украина, освен за руски државјани, пренесува српскиот сајт република.рс