Нова методолгија на пресметка на раст на пензиите и три месеци по 1000 денари помош за секој пензионер договори Владата со Сојузот на пензионерите. Останува усвојување на договореното во Собранието.
По постигнувањето на договорот, СДСМ се пофали дека со усвојувањето на новата методологија се обезбедува континуиран раст на пензиите во просек по 900 денари.
-Дополнително, обезбедуваме и 3.000 денари за финансиска помош за пензионерите. Во наредните три месеци (април, мај и јуни) над 330.000 пензионери, во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари месечно, соопштија од владејачката партија.
-“Швајцарскиот модел” беше модел по стариот закон, додека вие несреќи не дојдовте на власт, па го сменивте. Со тој Закон, којшто ВМРО-ДПМНЕ го почитуваше, пензиите се коригираат два пати во годината и по две основи, пораст на трошоци за живот и пораст на просечна плата, реагираше ВМРО ДПМНЕ.
Новата методологија е примена на т.н. швајцарска формула за пресметување на растот на пензиите и нивото усогласување ќе се врши два пати годишно – во март и септември.
Во април, мај и јуни пензионерите ќе добиваат по 1 000 денари месечно како финансиска помош, а ќе се применува и нова методологија за пресметка на растот на пензиите.