(Видео) Струмичко карневалско чудо, до рани зори ќе е лудо – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/22 11:10 PM

(Видео) Струмичко карневалско чудо, до рани зори ќе е лудо

По пауза од две години Струмица се врати на карневалското славење. Овие денови градот е жив и весел, речиси како никогаш во годината.

Карневалот почна завчера со официјално предавање на клучот, а вечерва во хотелот „Сириус“ е забавата под маски.

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ја отвори забавата

Погледнете дел од атмосферата и радоста на струмичани, кои мораа да чекаат две години, за да си ја продолжат традицијата.