Пејачката Биба Додева се пожали на својот профил на Фејсбук за, како што вели, неспособноста на некои медицински лица.
На сликата која ја објави, таа ја покажа раката, од каде требало да ѝ земат крв, па напиша:
-Кога запослуваат сестри кои немаат појма вена што е, а не па да земат крв. Смрдли. Немам веќе разбирање и љубезност кон непрофесионалци, принаучени гугл лаици, смрдли исфрустрирани, покондирани фуфици кои ми грешат доза на терапија и да не видев ќе ме утепаа со грешни дози, од идиоти неспособни кои одлучуваат, а кои се штетни за мене и моето семејство. Прекардашили сте! Све по список, напиша луто Биба под објавата.
ММС се обиде да стапи во контакт со пејачката, за да ни каже каде се случил овој немил настан, но таа не одговараше на повиците.
Под објавата пејачката доби многу коментари со поддршка, следбениците ѝ кажуваа дека ова е честа појава, односно дека и тие имале слично искуство.
ММС