(Видео) Адријана Лима не личи на себе – Во тесен црн фустан и труднички стомак како аксесоар на Париската модна недела – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/22 6:00 PM

(Видео) Адријана Лима не личи на себе – Во тесен црн фустан и труднички стомак како аксесоар на Париската модна недела

Манекенката Адријана Лима неодамна ѝ откри на јавноста дека е бремена, и дека таа и нејзиното момче Андре Лемерс наскоро ќе станат родители.

По разводот од познатиот српски кошаркар Марко Јариќ, Адријана ја најде среќата покрај Лемерс, а двајцата изгледаа заљубено до уши кога вчера се појавија на Париската модна недела.

Лима за оваа пригода облече тесен црн фустан од тантела, кој го надополни со златен прстен, црн капут и златни сандали.

Сепак, најубавиот аксесоар што го имаше беше трудничкиот стомак кој беше исцртан под фустанот.

Телото на најпознатиот ангел на Викторија Сикрет полека почна да се менува поради блажената состојба. Славната Бразилка ставила на себе неколку килограми, но нејзината насмевка сведочи дека не и е грижа за тоа. Лима изгледа пресреќно и заљубено, а најважно – ужива во бременоста.

Адријана не откри во кој месец е, а нејзиниот избраник цело време ја гушкаше и галеше по стомакот.

Да потсетиме, ова ќе и биде трето дете, бидејќи со Марко Јариќ има ќерки – Валентина (12) и Сиена (9).

Преземено од: https://www.kurir.rs/
Фотографија: https://dnyuz.com/