Колку долго може да трае брашното и како да се продолжи рокот на траење – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/22 5:00 PM

Колку долго може да трае брашното и како да се продолжи рокот на траење

Како и повеќето други намирници, брашното има свој рок на траење и ако се складира правилно, може да се продолжи рокот на употреба.

По најавите дека можно е влијание врз економијата по руската инвазија врз Украина, редици граѓани има пред маркетите, па дури и младите купуваат резерви за „црните денови“, а најбараната храна се испостави дека е брашното. Сепак, брашното не е со неограничен рок на траење, особено ако не се складира правилно. Сите видови брашно може да се расипат, а доколку во брашното се појават молци или мувла, можете веднаш да го фрлите.

Кој е најдобриот начин да се чува брашното за да остане свежо што подолго? И колку може воопшто да трае?

Поголемиот дел од брашното останува свежо 3-8 месеци на собна температура, а обично трае подолго по истекот на рокот, пишува „Наше добро“, истакнувајќи дека рокот на траење на одредено брашно зависи од видот на брашното и од начинот на чување.

Класичните бели брашна (типови 400 и 500), високо рафинирани, обично остануваат свежи подолго од интегралните брашна. Ако брашното обично трае од 6 до 8 месеци, без разлика дали е отворено или не, брашното од цело зрно има рок на траење од 4 до 6 месеци.

Интегралнот побрзо се расипува кога е изложено на светлина, влага или воздух, што предизвикува непријатен мирис и вкус. Исто така, брашната без глутен обично имаат поголемо количество маснотии и влага и затоа се повеќе склони кон распаѓање од белото брашно.

Што се однесува до складирањето, брашното е безбедно ако се чува на собна температура, по можност во херметички контејнер, на темно и суво место, а чувањето брашно во фрижидер или замрзнувач го продолжува рокот на траење.

Не чувајте брашно во хартиени кеси – ќе го чувате брашното од влага, ќе го чувате свежо и ќе спречите влегување на бубачки ако го чувате во пластични или стаклени садови со херметички затворач.

Никогаш не оставајте го садот за брашно на светло место, топлината и сончевата светлина може да го оштетат брашното. Ставете го некаде подалеку од извори на топлина, на темно и поладно место.

Можеби најпаметното е во фрижидерот или замрзнувачот, особено ако сте купиле повеќе брашно отколку што можете да го искористите за неколку недели.

Белото брашно, на пример, со чување во фрижидер, можете да го продолжите рокот на траење на една година, додека замрзнувањето го продолжува рокот на траење на две години.

Ако брашното се чува во фрижидер или замрзнувач, потребно е и херметички да биде затворено за да не дојде во допир со влага и вода и да не се мувлоса, а пред употреба да се остави да достигне собна температура.

За секој случај, помирисајте го пред употреба – ако е добаро, речиси и да нема мирис.

Преземено од: https://nova.rs/
фотографија: https://unsplash.com/