Од Државната комисија за спречување на корупцијата за МИА потврдија дека од денеска отвораат предмет според допрен глас и ќе проверуваат податоците од институциите во врска со објавени информации дека на телевизиската презентерката Бесмира Ејупи и биле извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници.
Според она што беше објавено во некои медиуми, кон Ејупи се извршени 39 трансакции од страна на буџетски корисници и тоа од Државното правобранителство и општините Сарај, Петровец, Чаир и Брвеница.