Господ ја награди – Мајка доживеа чудо, за 10 часа откако дознала дека е бремена се породила – ММС
ММС

Објавено на: 03/4/22 8:05 AM

Господ ја награди – Мајка доживеа чудо, за 10 часа откако дознала дека е бремена се породила

Брачниот пар Ники и Келсе Гарлик со години се обидувале да се исполнат во улогата на родители, но не им одело најдобро, а потоа одеднаш буквално се случило чудо.

Бидејќи скоро и да се откажале од борбата за потомство, Ники и Келсе решиле да посвојат две деца и да се грижат за нив. Но, одеднаш пред еден месец оваа професорка почнала да чувствува стомачни болки додека била на училиште. Многу се исплашила мислејќи дека се работи за камен во бубрег, па веднаш отишла на лекар, каде и рекле дека е во 34-та недела од бременоста. Веднаш се јавила нејзиниот сопруг.

https://www.youtube.com/watch?v=NX5vMqkq4vg

– Еј, нема да веруваш во ова. Бремена сум. Не само што сум бремена, туку сум бремена во 34 недела – му кажала Ники на сопругот по телефон.

Тогаш и била дијагностицирана прееклампсија, па лекарите сакале веднаш да го роди бебето. Таа на крајот добила син со царски рез, десет часа по пристигнувањето во болница.

Ова бебе е чудо за кое не знаевме дека постои. Дознавме дека чекаме бебе и се породив со разлика од околу десет часа. Ова е нереално – рекла пресреќната новопечена мама.

Извор: espreso.co.rs