По паниката на Социјалните мрежи, дека горивото ќе поскапи дури 30 проценти се огласи Регулаторната комисија за енергетика.
-Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво, согласно побарувачката. Но, дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата , со што оставаат впечаток дека нема гориво. На тој начин си прават “залиха” која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено – профитерство, велат од Регулаторна и додаваат:.
-Во текот на денешниот ден добивме укажувања од поголем број на потрошувачи кои посочуваат дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите. Некои бензиски пумпи дозволувале до 500 денари да може едно возило да наполни гориво. Други пак не дозволуваат гориво да наполнат камионите. За состојбата РКЕ го извести Државниот пазарен инспекторат веднаш да ги засили контролите на терен кај трговците и да се оневозможи вакво не пазарно однесување кое е недозволиво и забрането. Вештачки се нарушува пазарот и се прекршуваат основните принципи за сигурност во снабдувањето со енергија, релат од РКЕ.
MMС