(Видео) Паника во Штип за бензин – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/22 6:25 PM

(Видео) Паника во Штип за бензин

На социјалните мрежи се појави информација дека граѓаните од Штип паничко полнат бензин на бензинските пумпи, откако на Фејсбук се појави пост во кој се повикува граѓаните навремено да ги наполнат резервоарите на автомобилите со бензин, бидејќи од понеделник неговата цена ќе достигне 100 денари по литар. Засега ваквата ситуација е забележана само во Штип.

Наши читатели испратија фотографии од бензиски пумпи во Велес каде ситуацијата изгледа вака:


Исто така со нормална фрекфенција на автомобили се и бензиските пумпи во Тетово и Гостивар, дознава ММС.

Од Макпетрол за ММС, смируваат велат дека вештачки се кревало паники, и дека Макпетрол има доволно резерви. Пуштена е велат информација на социјалниет мрежи која создала паника, но  граѓаните за ден, два ќе сватат дека е лажна информација, информираат од Макпетрол.

Одговор се обидовме да добиеме и од Владата на Република Сееврна Македонија, но оттаму се до објавување на оваа информација не добивме одговор.

Ваква слична ситуација беше забележана и во маркетите кога се купуваа залихи на основни прехрамбени продукти, при што министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека станува збор за намерно повлекување на продуктите, со цел од 1 ви март повторно да се вратат на рафтовите во маркетите со повисока цена, бидејќи до 28 ми февруари цените на основните прехрамбени прозиводи беа замрзнати.