Деца родени под дожд од гранати – Породилиштетото во Киев работи во скривница – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/22 2:33 PM

Деца родени под дожд од гранати – Породилиштетото во Киев работи во скривница

Пар со своето новороденче се засолни во подрумот на перинаталниот центар додека се слушаат звуци на сирената за воздушен напад среде руската инвазија на Украина, во Киев

Седејќи на импровизиран кревет во мрачен подземен ходник, бремената Алена Шинкар чита книга обидувајќи се да се смири.

Украинката е во киевското породилиште и чека породување, но во градот под опсада на ракети и гранати нервите и се на работ на пукање.

„Не треба да бидам под стрес во моментов и се обидувам да се „извајам себеси“, но ова што се случува е страшно“, изјави таа за Ројтерс.

„Живееме во вистински пекол. Никогаш не замислував дека е можно вакво нешто во 21 век.

До неа е една жена која штотуку се породила со царски рез и веднаш била пренесена во подземен коридор кога почнало бомбардирањето.

Ходникот е полн со млади мајки со новороденчиња во раце. Јула, која на 28 февруари роди син, ги пофали вработените во болницата.

„Ние сме безбедни овде. Лекарите и медицинските сестри се најдобри во светот и ние сме многу горди на нив.

Директорот Дмитриј Говсеев вели дека повеќето вработени не го напуштиле породилното одделение од почетокот на инвазијата.

„Околу 70 отсто од персоналот овде се постојани. Тие работат во смени. Единствената разлика е во тоа што раѓањата кои вообичаено траат подолго можат да започнат во одделението и да завршат во прифатилиштето.

Алена се сеќава на почетокот на нападот. Пред инвазијата била во породилиште за да ја задржи бременоста.

“Се разбудив во пет наутро поради ракетен удар. Слушнав експлозија и вресок на жени. Така почна. И не можев да верувам. Мислев дека е кошмар, но не е, јаве е, рече таа.

„Се надевам дека ова ќе живее во мир“, рече таа, галејќи ја по стомакот.

извор: 24sata.hr/dailymail.co.uk/

фото: Twitter