По смртта на Карлос, Ил Диво ќе одржи концерт во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/22 6:00 PM

По смртта на Карлос, Ил Диво ќе одржи концерт во Скопје

Мултинационалниот вокален квартет IL DIVO ќе има концерт во Македонија.

Концертот е закажан за 15 октомври  во Арена „Борис Трајковски“.

IL DIVO во 69 градови, 18 земји во светот имаат продадено повеќе од 2 милиони влезници и тоа за нивните први четири албуми.

Концертот ќе биде во чест на Carlos Marin, еден од членовите ,кој за жал почина во декември минатата година.

По трагичната смрт на Carlos Marin, преостанатите членови, американецот David Miller, французинот Sebastien Izambard и швајцарецот Urs Buhler, ќе продолжат со својата турнеа во знак на почит на Marin.

Турнејата, претходно насловена како “For Once in my life” ќе продолжи како турнеја со најдобрите хитови со специјален гостин, мексиканско- американски баритон Steven LaBrie.

Carlos беше  личност повеќе од животот, со ретка комбинација на неверојатно убав, од Бога даден глас и апсолутно, огромен талент. Неговата страст, разиграност и смисла за хумор создадоа таква магична личност, а неговата смеа ги воздивнуваше сите. Тој беше сакан од милиони фанови ширум светот и ние имавме среќа и чест што можевме да настапуваме со него во нашата средина толку многу години. Длабоко ќе ни недостасуваат неговата разиграност, пријателство и брилијантен глас. Во негова чест, ќе ја основаме Фондацијата Carlos Marin  и ќе му оддадеме почит на неговото пеење во нашите идни концерти. Нека сите го паметат по неговата прекрасна душа, неговиот неверојатен талент и нека почива засекогаш во мир изјавија остантите членови на IL Divo во нивните соопштенија.

Турнејата ќе биде исполнета со хитовите на IL Divo од нивниот огромен каталог на песни со неверојатна сценска продукција.