Лицето го крие за да не ја препознаат – Луиза, ќерка на Путин од наводната афера со чистачката – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/22 7:00 PM

Лицето го крие за да не ја препознаат – Луиза, ќерка на Путин од наводната афера со чистачката

Рускиот претседател Владимир Путин наводно има 18-годишна вонбрачна ќерка, која ја добил со чистачката Светлана Кривоногик додека сè уште бил во брак со Људмила.

Владимир Путин има две ќерки Марија и Катерина, но за неговите вонбрачни деца, чиј идентитет е скриен од јавноста, со години не се зборува.
Се шпекулираше дека има уште една ќерка со поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, а потоа и близнаци, но овие гласини никогаш не се поткрепени со докази.

Во 2020 година во јавноста се појави информација дека Елизабет Луиз Розов е вонбрачна ќерка на Владимир Путин, која ја добил од наводна афера со чистачката Светлана Кривногик.  Според руските медиуми, за време на оваа афера рускиот претседател се уште бил во брак со Људмила, а неговата љубовница кренала толкава прашина што денес е милионерка.
По оваа објава, тројца руски новинари беа прогласени за странски платеници, а руските власти започнаа истрага за клевета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rozova luiza v. (@luizaroz_)


Според исклучениот портал „Проект“, средното име на Елизабета е уште еден доказ за потеклото, покрај копија од хартијата што сведочи за идентитетот на таткото. Нејзиното средно име, кое децата во Русија го наследуваат од нивниот татко, е Владимировна.
Вонбрачната ќерка на Владимир Путин секојдневно се фали на Интернет со својот луксузен живот, но никогаш не проговорила за идентитетот на нејзиниот татко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rozova luiza v. (@luizaroz_)


Таа долго време е активна на Инстаграм и споделуваше фотографии кои сведочат за нејзиниот луксузен живот: одење по скапи ресторани, љубов кон најпрестижните модни куќи, летни одмори… Сега, по војната во Украина, до секоја на овие фотографии има негативен коментар.
„Отидовте во војна?“, „Како не ви е срам да трошите крвави пари?“, „Кажи му на тато да оди право во пеколот“, „Гори во пеколот“, „Тргни се од планетата, ти и твоето семејство“, „Умри“,  … се дел од реакциите.

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Инстаграм

 

Од чистачка до милионерка – Која беше и колку е богата Светлана Кривоногих, за која велат дека е љубовница на Путин