Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Третата светска војна може да биде само нуклеарна, а тоа би било разорувачко.
За ваквиот начин на војна тој истакна оти бил само во главите на западните политичари, но не и во главите на рускиот народ.
– Ако се води војна против нас, тогаш тие кои прават такви планови треба да размислат за тоа, а сметам дека се прават планови, рече Лавров.
Тој порача дека Москва ќе продолжи со воената операција во Украина „до крај“. Но исто така вели дека не се сомнева оти ќе се пронајде решение за кризата.
Според него дијалогот на Русија со Западот мора да се темели на меѓусебно почитување и вели иако Русија има добра волја, нема да дозволи никој да ги поткопа нејзините интереси, па нема да дозволи Украина да ја задржи инфраструктурата која и се заканува на Русија.
Лавров уште еднаш повтори дека украинската влада е неонацистички режим и вели дека бандите ги пљачкаат градовите, вклучително и Мариопољ.
Дополнително рече дека сега украинците се обидуваат да искористат цивили како жив штит.
Рускиот МНР неколку пати го спомена Холивуд и рече дека луѓето не би требало „да го гледаат овој холивудски филм“ кој го режирале западните медиуми, а во кој има само зло.
За НАТО Лавров рече дека се обидува да ја зајакне безбедноста на западот по цена на Русија, а САД, пак, го спореди со Хитлер и Наполеон, за кои рече дека имале цел да ја потчинат Европа.
Укинувањето на Северен тек 2 според Лавров и го „покажува“ местото на ЕУ, сугерирајќи дека зад одлуката стои САД.
извор:Н1