Снежна топка во главата доби бугарскиот премиер Кирил Петков на планината Шипка после неговиот говор по повод Националниот ден на ослободувањето на Бугарија, 3 март.
Битката на врвот Шипка била клучна во руско-османлиската војна по што бил склучен озлогласениот Санстефански договор кој ги исцртал границите на тогашна Санстефанска Бугарија.
Премиерот Петков беше исвиркан од русофили и активисти додека повикуваше на единство. Еден од телохранителите на премиерот успеа да спречи дел од летечката снежна топка пред таа да заврши на неговата глава.
Петков не сакаше да го коментира случајот пред новинарите.
– Доста се делевме на разни групи, време е да кажеме дека Бугарија е единствена, дека сите сме бугари и сите го почитуваме националниот празник. Секој кој сака да направи поделба на денешниот ден, не работи во интерес на нашата земја – рече премиерот Петков по што беше удрен со снежна топка.
Извор: btvnovinite.bg
Фото: