На социјалните мрежи кружи видео од украински војник кој пее патриотска песна одејќи кон касарната каде што треба да им се приклучи на своите војнички другари пред да заминат на бојното поле и да ја бранат земјата од руската агресија која почна на 25 февруари. Видеото ја расплака светската јавноста која е на страната на Украина која веќе осум дена се бори против инвазијата на руските сили кои се се поблиску до срцето на земјата, Киев.
„Мои сакани деца, мили мајко и татко, јас одам на бојното боле, Нашата земја да ја чувам.
Не плачете за мене, ако загинам на бојното боле, се ќе дадам за саканата наша мила Украина.
Да се соединиме браќа во овие грозни времиња нека непријателот знае дека сме за Украина.
На Бога му ја даваме нашата единствена душа за нашата земја Света Украина.“
извор: youtube.com