Наоружан до заби, балетанките ги замени со војни чизми и замина во војна – Познатиот украински балетан Олекси на линија на фронтот – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/22 9:05 AM

Наоружан до заби, балетанките ги замени со војни чизми и замина во војна – Познатиот украински балетан Олекси на линија на фронтот

Украинскиот балетан Олекси Потиомкин е активно вклучен во одбраната на својата земја од руската инвазија.

Главниот танчер на Украинската национална опера со својата храброст ги инспирираше сонародниците кои ги споделуваат неговите фотографии во целосна воена готовност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oleksii Potiomkin (@oleksiipotiomkin)


Некогаш познат како принцот Зигфрид во Лебедово езеро, денес станува симбол на отпорот. Балетските хеланки ги заменил со маскирна униформа, а наместо партнерката кренал пушки во воздух.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oleksii Potiomkin (@oleksiipotiomkin)

Потиомкин настапуваше во главни улоги во светскиот балет, а покрај Заспаната убавица, неговиот бакнеж ја освои и Јана Коршунова, исто така танчерка и директорка на школата за танц во Лавов. Со себе го има и синот Мишо, кој деновиве го носи во парк исклучиво вооружен до заби.

Фото: Инстаграм