Вилата на бившата сопруга на Путин обоена со антируски графити – ММС
ММС

Објавено на: 03/3/22 8:49 AM

Вилата на бившата сопруга на Путин обоена со антируски графити

„Анти-Путин“ кампањата на Запад ја чувствуваат и членови на неговото семејство, поточно на неговата поранешна сопруга, Људмила, која живее во Франција.

Оградата на нејзината вила и нејзиниот сегашен сопруг Артур Очеретни, е обоена со графити и со украинското знаме.


Минатата сабота, на ѕидовите на имотот беа испишани пораки на неколку јазици како „Мафијата на Путин“ и „Слава на Украина“, а сега се вандализирани со украински знамиња насликани на портата со порака  “F*** Poutine” („Е.и се Путин“).

Фото: themoscowtimes.com