Комисијата за заразни предлага нови укинувања, но Владата се уште не расправала за старите – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/22 3:49 PM

Комисијата за заразни предлага нови укинувања, но Владата се уште не расправала за старите

Препораката за продолжување на важноста на сертификатите за прележаност од КОВИД-19 не е разгледана на денешната владина седница.

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа на прес-конференцијата во Владата информира дека за ова не е дискутирано на денешната седница затоа што првично препораките од Комисијата за заразни болести треба да бидат разгледани на Главниот оперативен кризен штаб.

– На денешната седница не се расправаше за ова бидејќи препораките и предлозите од Комисијата за заразни болести треба прво да се разгледаат на Оперативниот кризен главен штаб кој треба да заседава наредниве денови, изјави Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања.

Комисијата за заразни болести препорачува важноста на сетификатот за прележаност да биде продолжена од сегашните 45 на 180 дена.

 

МИА