Пропадна автомобил во отворен канал кај Пролече во Штип – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/22 10:39 AM

Пропадна автомобил во отворен канал кај Пролече во Штип

Изутрината околу 7.30 часот, во отворениот канал за собирање атмосферски води во реонот Пролече во Штип, пропадна автомобил марка опел корса со штипски регистерски таблички.

Според очевидците, 36 – возач бил пренесен во болница. Не му се констатирани повреди, по што си заминал.

Според член на семејството на возачот, тој со возилото тргнал на работа, меѓутоа, поради мразот на улицата, се излизгал, преминал на тротоарот и прво удрил во дрво, по што пропаднал во отворениот канал.

Каналот е отворен повеќе од 60 години и ги собира водите од двете околни населби. Лоциран во подножјето на Клиничката болница, вообичаено е полн со отпад, ретко, при силни врнежи се полни со надојдена вода.