(видео) Олена Зеленска: Вака сега изгледа Украина – ММС
ММС

Објавено на: 03/2/22 9:23 AM

(видео) Олена Зеленска: Вака сега изгледа Украина

Во видео објавено на Инстаграм, првата дама на Укрина, Олена Зеленска објави видео со слики од разурнатите делови на земјата по делувањето на руската војска.
„Вака изгледа Украина денес. Ова видео е за да види светот – во војна сме. Поради нападот на Путин, Украинците секоја вечер мораат да ги носат своите деца во подруми и да се борат со непријателот под ѕидовите на нивните домови. Украина е мирна земја. Ние сме против војната и не нападнавме први. Но, ние нема да се откажеме. Свету гледај: ние се бориме за мир и во вашите земји!“, напиша Зеленска


Олена Зеленска е активна на социјалните мрежи, со цел, како што вели, да го запознае светот со страдањето на Украинците, но и да ги охрабри своите сограѓани во оваа најтешка борба. Во една од последните објави таа им порача на своите луѓе: „И денес нема да паничам и да плачам. Ќе бидам мирна и самоуверена. Моите деца ме гледаат. Ќе бидам покрај нив. И покрај мојот сопруг. И со тебе. Те сакам! Ја сакам Украина!“, им порача Зеленска на Украинците.